1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема преживеани во авионската несреќа во Македонија

БГ7 септември 2016

Мал авион регистриран во Германија, кој летал од Италија кон Косово, се урна синоќа во Македонија. Во несреќата загинаа сите шест патници и членови на екипажот.

https://p.dw.com/p/1Jwta
Фотографија: picture-alliance/dpa

Македонското јавно обвинителство ја истражува несреќата, но засега нема никакви детаљи за можните причини за несреќата. Четворица од жртвите се италијански државјани, а двајца се косовски.


Авионот од типот „Пајпер Сенека“ полетал од Тревизо кон Приштина, а во Скопје требало да наточи гориво. Исчезнал од радарите околу 17:50 минути над Велес, во атарот на селото Кожле.

Нема преживеани во авионската несреќа во Македонија

Како што објави италијанскиот весник „Ла Република“, авионот го управувал пилотот Франческо Монтањер, претседател на аеро-клубот во Тревизо, а во него биле уште потпретседателот на клубот Дарио Бастасин, како и Лука Дале Муле, Италијанката Илариа Берти, Ангело Калегари и Косовецот со италијански пасош Висар Бегај.