1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Нема прекин на огнот во источна Гута

СН/ агенции
23 февруари 2018

Во опколеното бунтовничко упориште во близина на Дамаск не е на повидок крај на бомбардирањата. Страдањата на жителите се огромни. Но вето-силата Русија поставува услови за запирање на борбите.

https://p.dw.com/p/2tC83
Syrien, Ghouta, Bergungsarbeiten
Фотографија: Reuters/B.Khabieh

На почетокот на вонредната седница на Советот за безбедност во Њујорк координаторот за итна помош на ОН, Марк Лоукок потенцираше: „Во источна Гута се случува хуманитарна катастрофа, која беше предвидлива и можеше да се спречи“. Шведска и Кувајт доставија предлог-резолуција која предвидува 30-дневен прекин на огнот, како и пристап до источна Гута на хуманитарните работници.

Во регионот загинале најмалку 270 луѓе, а преку 150 се повредени. Жителите на источна Гута речиси и да немаат прехранбени производи. А нема ни струја, нути вода. Во местото Хараста во меѓувреме 80 проценти од луѓето живеат под земја, извести Панос Мумцис, координатор на ОН за хуманитарната помош во Сирија.

Повеќе:

-Меркел бара крај на масакрот во Сирија

-Сирија: Сто цивили убиени во еден ден во Гута

-Регионални промотори на стравот

Syrien - Luftangriffe auf Rebellengebiet Ost-Ghuta
Фотографија: picture-alliance/dpa/Ghouta Media Center

Москва заштитнички кон Асад

Русија како земја со право на вето во Советот за безбедност на ОН и близок сојузник на сирискиот властодржец Башар ал-Асад постави услови за да даде согласност за предлог-резолуцијата. Рускиот претставник во ОН, Василиј Небенција јасно укажа дека нема да гласа за предлогот на Шведска и на Кувајт. Наместо тоа, тој презентираше цела редица желби за промени на текстот на резолуцијата. Со оглед дека Русија со своето право на вето може да ги блокира одлуките на Советот, неговиот претседател кувајтскиот амбасадор Мансур ал-Отаиби, донесе одлука за одложување на седницата.

Најжесток бран на напади од почетокот на војната

Источна Гута во моментов го преживува еден од најтешките бранови на напади од почетокот на граѓанската војна во Сирија пред седум години. Регионот припаѓа кон последните области во Сирија, кои се наоѓаат под контрола на бунтовниците. Меѓу нив доминираат исламистичките милиции. Источна Гута од 2013 години е опколена од страна на владините трупи. Околу 400 илјади лѓе поради блокадата се речиси целосно отсечени од надворешниот свет.

Читајте не и преку апликацијата на ДВ за андроид