1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема примирје со терористи

24 октомври 2007

По нападите на припадниците на курдската ПКК – партија врз турските војници во граничниот појас кон Ирак, средбата меѓу министрите за надворешни работи на Ирак и Турција во Багдад доби посебно значење.

https://p.dw.com/p/Bw0Q
Зебари и Бабакан најавија соработка во борбата против ПКК.Фотографија: AP

Изјавите на двајцата министри, ирачкиот Хосјар Зебари и неговиот турски колега Али Бабакан на прес-конференцијата беа релативно дипломатски. Така, Зебари:

„На ниту една партија или грпа, вклучувајќи ја ПКК, нема а и дозволиме да ги влоши нашите билатерални односи. На турскиот министер му ветивме дека ирачката влада активно ќе и помогне на Турција да го реши проблемот„.

Како, Зебари не објасни. Само најави дека ќе бидат спречени патиштата за снабдување на ПКК и ќе ги затвори нивните финансиски извори, иако обете се тешко остварливи.

Од своја страна, турскиот министер Али Бабакан со став:

„Имаме повеќе средства за борба против тероризмот: економски и културни, политички дијалог, дипломатија, но и воени акции. Мораме секое од нив да го спроведеме со посебна стратегија и во соодветно време„.

Бабакан го одби примирјето што го најави ПКК. Примирје е можно само меѓу две држави и две армии, но во овој случај Турција има работа со терористи.