1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема промена на уставното име за членство во НАТО

Александар Чомовски 7 февруари 2008

Македонскиот државно - владин врв во изминативе 12 часови со единствени пораки: Членството во НАТО не може да се замени за промена на уставното име во меѓународната заедница и комуникации.

https://p.dw.com/p/D3wu
НАТОФотографија: AP
Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска во Скопје ја реафирмираше својата позиција од Новогодишното обраќање во Парламентот. И тогаш и денеска тој кажа: Уставното име е тесно поврзано со националниот идентитет. Тој не гледа промена во позицијата на САД, ниту во признавањето на уставното име на Република Македонија од страна на Белата куќа, ниту во определбите на официјален Вашингтон Јадранската тројка, вклучувајќи ја и Македонија да биде примена во НАТО.
Maz.Präsident Crvenkovski un NATO Generalserketär Scheffer
Архива: Македонскиот претседател Црвенковски и Генералниот секретар на НАТО Шефер во ОхридФотографија: Petr Stojanovski
Шефот на државата вели: „Поддршка за упатување на покана за членство во НАТО Алијнансата до Република Македонија се разбира и до другите две земји членки на Јадранската група и трета работа е, сите сме свесни, да се вратам на изјавата што вчера премиерот Караманлис ја даде, сите сме свесни дека не е точно дека Македонија е во изолација и дека грчката позиција не се потпира на солидарност на другите членки на Алијансата или на Унијата, туку се потпира на еден единствен факт, дека како членка на НАТО Алијансата и ЕУ има право на вето. Тоа е нивниот не најсилен туку единствен аргумент. Значи Република Македонија не е излолирана во даденава ситуација, туку се соочуваме со една фактичка ситуација каде што Грција своето членство во Алијансата сака да го употреби да не речам злоупотреби.“ рече Црвенковски. Притисок од Атина Претседателот Црвенковски неделава испрати и писмени пораки до земјите членки на НАТО, што властите во Атина го примија како потег, со којшто Македонија наводно купува време и покажува нефлексибилност. Пораките од Љубљана пак по тамошните грчко словенсечки средби, и особено настапаот на словенечкиот премиерот Јанез Јанша дека Македонија мора да покаже флексибилност, во присуство на грчкиот премиер Костас Караманлис, во Скопје се толкуваат како притисок од Атина, Македонија да го смени уставното име. Владата забрзано ги исполни последните задачи од Брисел Грција најверојатно ќе стави вето кажа пак синоќа во Битола премиерот Груевски, иако во приватните разговори, шефовите на држави и влади на членките на НАТО, му кажувале дека тоа не е причина за членството во НАТО. Според премиерот неприфатлива е промена на уставното име во конпензација за членство во НАТО. Премиерот Груевски ја потврди владината политика ДА за НАТО и затоа забрзано се исполнети последните 12 задачи што Брисел ги испорача во декември мината година. Не е исклучено тројните разговори за името во Атина да бидат клучни во позиционирањето на Македонија и Грција пред самитот на НАТО, оценуваат дипломатски извори во Скопје.