1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема скоро придвижување на релација МПЦ-СПЦ

Горан Петрески27 април 2007

Средба за обновување на дијалогот меѓу македонската и српската православна црква нема да се одржи наскоро. Светиот Архиерески синод на МПЦ дури во втората половина на мај ќе му одговори на српскиот патријарх Павле кој неделава испрати писмо до македонската црква.

https://p.dw.com/p/AdYZ
Фотографија: DW

Владиците на вчерашната синодска седница не изградиле став во однос на дописот од Белград. Портпаролот Тимотеј откри малку детали од српското писмо.

„Дека тие се подготвени евентуално да продолжат разговор.Но,тоа писмо е примено само на знаење и не е разгледувано.“

МПЦ не отстапува од позицијата уставно име и автокефален статус. Не прифаќа преговорите со СПЦ да бидат условувани со случајот Вранишковски.

„Не менуваме име на нашата црква и не менуваме статус.Ние во ниеден случај немаме потреба да преговараме и да договараме со Вранишковски,зашто за нас официјален партнер е СПЦ,а тој е нејзина испостава.“

Неофицијално екс Владиката Јован воопшто не бил спомнат во писмото потпишано од српскиот патријарх. Случајот Вранишковски се очекува да биде актулизиран идната недела кога на поранешниот владика што се прогласи за спрски екѕарх во Макеоднија му истекува затворската казна. МПЦ и пиша на српската црква уште во ноември лани, а одговорот стаса дури неделава. Сега и МПЦ ќе тактизира пред да го направи следниот чекор во комуниацијата со српските владици.

Во меѓувреме додека македонско српските црковни односи беа целосно замрзнати, МПЦ се впушти во дипломатаска мисија за да обезбеди поддршка од православниот свет. Во Цариград извиси, но во Москва доби ветување дека Руската православна црква ќе се заложи за надминување на спорот што соседските цркви го водат со години.