1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема согласност во ОН за санкции против Сирија

30 септември 2011

Русија, и покрај постојаната употреба на сила против противниците на режимот во Сирија, го блокира во ОН донесувањето санкции против сириското раководство.

https://p.dw.com/p/12jTu
Во Сирија со месеци траат протестите против режимот на АсадФотографија: picture alliance/dpa

Во Советот за безбедност на ОН нема на повидок согласност за резолуција за Сирија. Рускиот амбасадор Витали Чуркин соопшти дека неговата влада се противи на било какво споменување можни санкции на ОН во резолуцијата. Европејците од своја страна пак не се откажуваат од соодветните делови од текстот.

Главна порака на резолуцијата мора да биде дека ќе следат натамошни чекори ако не прекине употребата на сила во Сирија, истакна германскиот амбасадор во ОН, Петер Витиг.

Според податоци на ОН од почетокот на протестите против сирискиот претседател Башар ел Асад во март, досега загинале најмалку 2700 лица. Во Дамаск вчера приврзениците на Асад го нападнале американскиот амбасадор Роберт Форд поради разговор со опозиционер. Американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон остро го осуди нападот.

Автор: ЖА/ АТ/ дв

Редактор: Александра Трајковска