1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неопходно е заострување на санкциите

16 ноември 2007

По најновиот извештај на ИАЕА за Иран,американската администрација критикува дека соработката на Техеран со агенцијата не е задоволувачка.Истовремено,американскиот амбасадор во ОН, побара заострени санкции против Иран.

https://p.dw.com/p/CHvy
Амбасадорот на САД во ОН, Залмај КалилзадФотографија: AP

Меѓународната агенција за атомска енергија вчера објави нов извештај за иранската атомска програма. Има напредок во соработката на Техеран со ИАЕА , но во Агенцијата не се целосно задоволни. Имено остануваат отворени важните прашања и раководството во Техеран и натаму се противи да ги запре активностите за збогатување ураниум

„Сосема е јасно дека Иран не соработува во целост “ - изјави американскиот амбасадор Залмај Калилзад. За него по најновиот изваштај на ИАЕА е јасно дека Техеран и натаму не ја исполнува резолуцијата 1747 на ОН. Поради тоа Калилзад се заложи, Светската Организација да воведе нови заострени санкции против Иран.

Иран сака превласт во регионот

Особено поради тоа што раководството во Техеран и покрај барањата на Советот за безбедност и натаму не го прекинало спорното збогатување на ураниум.Тоа го наметнува заклучокот дека веројатно Техеран и натаму се стреми кон атомска бомба- истакна американскиот амбасадор. Според Кализад ова е најголемиот предизвик за највисокото тело на ОН . Тој го образложи овој став на следниов начин:

„Затоа што Иран сака регионална превласт , бидејќи Иран одржува врски со терористички организации, бидејќи иран ги подржува бунтовниците во Ирак и во Авганистан и поради реториката на иранските лидери“

Предупредување за Кина и за Русија

Во невообичаено остра форма Залмај Калилзад ја предупреди и Кина -вето сила во Советот за безбедност да се воздржи од блокада на Советот:

„Не верувам дека Кина нема да се попречи на патот за изнаоѓање ефикасно дипломатско решение. Само една остра резолуција со нови казнени мерки и дава на дипломатијата шанса за успех. Кина не би прифатила да биде одговорна за пропаѓање на дипломатските напори“

Исто предупредување „гласот на Вашингтон“ во Њујорк испрати и кон Москва .

Германија би била најсилно погодена од новите санкции

Според последните информации , доколку пропадне дипломатијата за администрацијата на Буш тогаш ќе остане само воената опција.

Инаку новите економски санкции би можеле да гo погодат пред се најголемиот трговски партнер на Иран , а тоа е Германија. Властите во Техеран пак по извештајот на ИАЕА како што истакнаа не гледаат причини за натамошни санкции од Советот за безбедност.