1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неповикан гостин во кулата Трамп

НД/дв11 август 2016

Полицијата од Њујорк го сопре три часовниот обид на еден човек да се искачи на кулата Трамп во Менхетн. Претседателскиот кандидат на Републиканците кој живее во зградата, за време на случувањето не бил дома.

https://p.dw.com/p/1Jfmp
Ein Mann klettert der Trump Tower in New York
Фотографија: Reuters/L. Jackson

Полициските службеници на њујоршката полиција го отстранија мажот кој се искачуваше на зградата преку прозор на 21 кат. Со тоа го сопреа неговиот три часовен обид да се искачи на кулата Трамп.

Неповикан гостин во кулата Трамп

Мажот облечен во куси пантолони, црна маица и ранец со помош на уред за вакум, утрото почна да се искачува по стаклената фасада на кулата Трамп.

„Испративме единици да откријат што всушност се случува“, изјави портпаролот на њујоршката полиција за новинската агеницја АФП

Полицијата затвори неколку улици во близина на зградата, која се наоѓа во срцето на Менхетен. Конечно, полициските службеници го опколија мажот и преку прозорците на 21 кат успеаја да го сопрат неговото искачување. Кулата Трамп е дом на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и неговото семејство кои за време на инцидентот го придружуваа на неговата изборна кампања во Северна Каролина.