1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неприфатливо однесување

28 октомври 2005

Иран се соочува со жестока меѓународна критика по изјавите на шефот на државата Махмуд Ахмединеџат дека Израел траба да биде избришан од картата на светот . Лидерите на Европската Унија и на Русија се придружија кон САД во силната осуда на забелешките на претседателот на Иран .

https://p.dw.com/p/AcBh
Фотографија: AP

Лидерите на замјите членки на ЕУ на вчерашниот Самит во замокот Хемтон Корт кај Лондон , заеднички се приклучија кон осудата на зборовите на Ахмединеџат . Нивните критики ги сумираше претседавачот со Самитот , британскиот премиер Тони Блер:

„Кога ќе слушнеме изјави како овие за Израел тоа не прави многу лути. Тоа се целосно погрешно изјави и упатуваат и потенцираат на тоа колку во некои места се потребни реформи. Како да градиме побезбеден свет со таков начин на однесување. Тоа е срамота“- истакна британскиот премиер Тони Блер .

Критики за за зборовите на Ахмединеџат упати и генералниот секретар на ОН , Кофи Анан . Во својата изјава тој истакна дека Израел е земја долгогодишна членка на ОН и ги има сите права како и останатите земји членки и дека повиците за нејзино уништување и бришење од картата какви што ги упати Ахмединеџат за време на еден студентски собир во техеран под наслов Светот без ционизам , се целосно неприфатливи.

Властите во Германија , Русија , Италија Франција и останатите европски земји ги повикаа иранските дипломати во главните градови да дадат објаснување за истапот на нивниот претседател .

Израел во меѓувреме упати писмо до Анан но и до останатите земји членки на Светската Организација во кое се истакнува : Ваквите злобни изјави бараат силен и решителен одговор од меѓународната заедница. Тоа според мислењето на Израел треба да биде исклучувањето на Иран од Организацијата на ОН .

Ставовите и гневот на израелската влада јасно ги изнесе вицепремиерот Шимон Перес по вчерашната средба со рускиот министер за надворешни работи Сергерј Лавров

„Ние веќе сме виделе налудничави декларации и изјави и во минатото. Понекогаш не ги земаме многу сериозно , но кога ќе видите дека некоја волку налудничава изјава ја дава шеф на држава , членка на ОН тоа е недопуштливо. Иран не може да остане членка на ОН или ќе мора да се промени повелбата на организацијата“- истакна Шимон Перез.

И руските власти сметаат дека изјавите на Ахмединеџат се неприфатливи:

„Ги видов новинските извештаи и веднаш ги замолив моите луше да потврдат што точно кажал тој. Не се согласувам со то некој да го оспорува правото на постоење на земја членка на ОН . Тоа е неприфатливо“- истакна шефот на дипломатијата Лавров за време на посетата на Израел.

Инаку Русија заедно со Кина се спротиставува на намерите на западните земји со резолуција на Советот за безбедност да му се заканат на Иран да соработува околу прашањето не неговата проблематична нуклеарна програма. САД кои се иницијатори на таквиот предлог , сметаат дек последниот говор на гнев на највисокито претставник на властите во Техеран е доказ дека мора итно да се дејствува против Иран и неговите намери за развивање нуклеарно оружје:

"Преку некои од овие забелешки мислам дека сигурно ќе видите некои од вистинските погледи и намери на режимот во Техеран , и сметам дека тоа само ја потврдува нашата но и загриженоста на меѓународната заедница , околу намерата на Иран да развие нуклеарно оружје"- истакна портпаролот на американскиот Стејт Департмент Шон Меккормак

Во меѓувреме властите во Техеран не потклекнуваат и за денеска ги повикаа граѓаните на големи демонстрации против Израел . Ние не го признаваме ционистичкиот режим и сметаме дека тој не е легитимен – истакна вчера Манухер Мотаки министерот за надворешни работи на Иран.