1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

(Не)слободата на македонскиот медиумски простор

1 јули 2010

Македонските новинари денеска дебатираа за „Слободата на медиумите“ по последната оценка на „Фридом хаус“ за медиумите во Македонија која гласи: „Проблеми со независноста на медиумите и политички притисок врз нив“.

https://p.dw.com/p/O8Md

Македонските новинари денеска на дебата во Правниот факултет во Скопје укажаа на причините и виновниците за лошата состојба на медиумскиот пазар во Македонија, по последната оценка на организацијата „Фридом хаус“. Мал пазар, многу медиуми, спрега на сопствениците на многу медиуми со центрите на моќ, оваа теза ја развиваше Слободан Чашуле на дебата за „Слободата на медиумите“: „Власта не е апсолвирана, да престане да се меша, да ја укинеме таа традиција што започна 1994 година, и да овозможи преку нов закон за заштита на личноста, кој треба да ја декриминализира клеветата, конечно,“ истакна Чашуле.

Во последните шест години Македонија добива идентични оценки од влијателната организација „Фридом хаус“, сметаат македонските новинари. Имено „Фридом хаус“ во новиот извештај повторно и даде на Македонија просечна оценка за демократскиот развој, а најлоши беа оценките за ситуацијата со медиумите во земјата. Според извештајот во кој највисоката оценка која може да се добие е 1, Македонија незначително ја подобрила оценката од претходната година од 3.86 на 3.79. „Фридом хаус“ истакнува најголема загриженост за проблемите со независноста на медиумите и политичките притисоци кои се вршат врз нив.

Автор: АЧ/ АТ/ СН/ макфакс

Редактор: Александра Трајковска