1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Несреќни домаќини

12 јуни 2008

Домаќинот Швајцарија без шанси за пласман во натамошниот тек на ЕП во фудбал. Во групата А Швајцарците вчера загубија од Турција додека пак со победата над Чешка, Португалците практично се во четвртфиналето.

https://p.dw.com/p/EICC
За домаќинот Швајцарија првенството завршиФотографија: AP

Натпреварот во Клагенфурт, кој почнува во 18 часот, нема да биде прошетка до четвртфиналето за германската репрезентација. Противник е силната репрезентација на Хрватска која истотака по првото коло во групата Б, има три бода. За победникот од денешниот натпревар тоа ќе биде голем чекор кон разигрувањето. Хрватите се надеваат на традицијата на добри настапи против силни репрезентации.

Германскиот селектор Јоаким Лев е свесен за квалитетите на избраниците на Славен Билиќ и бара претпазливост од германските репрезентативци „Она што досега го знаеме е дека едноставно сме добра екипа, која поседува изворедни поединци. Но и Хрватска секако е една рафинирана екипа со многу, многу добри поединци, која се разбира е во состојба да преземе иницијатива, да го зголеми темпото и да игра квалитетно“ - истакна германскиот селектор.

Австрија ќе се обиде да ја одбегне судбината на Швајцарија

Во вечерниот термин денеска во Виена се игра натпреварот меѓу двете поразени екипи во првото коло од групата А. Домаќинот Австрија во натпреварот против Полска ќе се обиде да ја одбегне судбината на вториот домаќин на првенството Швајцарија, кој по вчерашниот пораз против Турција ги загуби сите шанси за натамошен пласман.

Senturk bei seinem Kopfballtor Schweiz gegen Türkei EM 2008
Натпреварот Швајцарија - ТурцијаФотографија: AP

Иако водеа со 1:0 и играа солидно, Швајцарците не успеаја да се одбранат и загубија во последните минути од судиското продолжение „Да навистина е тешко да се најдат вистински зборови. Штета. Сметам дека на двата меча игравме добро, сметам дека денеска супер реагиравме по поразот од Чешка. Поведовме со 1:0 и потоа глупаво во последната минута од контра уште и загубивме. Сметам дека повеќе заслуживме во двата натпревари. Разочарувањето е огромно“- изјави по мечот стрелецот на голот за Швајцарците Хакан Јакин.

Португалците во четврт финалето

Во другиот вчерашен меч репрезентацијата на Португалија предводена од ѕвездите Деко, Роналдо и Карежма, извојува победа од 3:1 во тешкиот натпревар со Чешка. На тој начин Португалците си обезбедија пласман во четврт финалето, без оглед на исходот од последното коло во групата.