1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неуспешен вториот обид избор на Ѓул за претседател

6 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag79

Во турскиот парламент не успеа вториот обид на владината партија АКП, да го именува министерот за надворешни работи Абдула Ѓул за претседател на државата. На гласањето беа присутни 351 пратеници, 16 помалку од потребнотот, бидејќи опозицијата претходно најави дека ќе го бојкотира гласањето. Уставниот суд претходно донесе одлука дека за гласањето е потребно во парламентото да бидата присутни најмалку две третини од пратениците, и го нанулираше првиот изборен круг. Како излез од политичката криза парламентото донесе одлука за оддржување нови избори на 22 јули. Вчера во повеќе турски градови на улиците повторно излегоа десетици илјади луѓе и демоснтрираа да не се дозволи да се укине поделбата меѓу државата и религијата.