1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неуспешен терористички напад врз авион во САД

26 декември 2009

Прекуокеански лет на американската компанија „Делта“ денеска беше цел на неуспешен терористички напад. Бомбаш самоубиец се обидел да детонира бомба во авионот со 278 патници. Обидот беше неуспешен.

https://p.dw.com/p/LDvD
Авионот на компанијата „Делта“ кој бил цел на денешниот нападФотографија: AP

За напаѓачот, нигеријскиот државјанин, Абдул Фарук Абдулмуталаб, постојат сериозни сомневања оти одржувал контакти со Ал Каеда.

Патниците кои биле очевидци на настанот раскажуваат за вистинска драма во текот на последните 20-ина минути од летот. Откако напаѓачот ја активирал експлозивната направа, од неа почнал да излегува густ чад. Неколкумина патници веднаш го нападнале бомбашот и успеале да го совладаат заедно со авионската посада.

„Најпрво слушнавме мала експлозија, а потоа една госпоѓа која седеше зад него почна да вика ’што правиш! што правиш!’ потоа почна да гори“. - „Еден човек кој седеше на другата страна, скокна преку сите други луѓе и успеа да го изгасне огнот“, изјавија патниците во авионот.

Софистицирана направа

Направата се состоела од пластичен шприц наполнет со хемикалии и експлозивен прав, кој бил сокриен во чевлите на напаѓачот. Според членот на американскиот комитет за државна безбедност, Питер Кинг среќна околност е што била избегната поголема катастрофа. „Можеше да биде катастрофално. Направата била доста софистицирана, и е нешто што досега не било употребено. Според она што го знам, осомничениот дефинитивно бил на листата на набљудувани за можни врски со Ал Каеда“, изјави Кинг.

Verhinderter Anschlag auf Flugzeug in den USA
Аеродромот во ДетроитФотографија: AP

Абдулмуталаб бил пренесен во болница со тешки повреди на нозете и изгореници од 3 степен, но неговата состојба е стабилна. Во разговор со полицијата тој потврдил дека следел наредби на Ал Каеда, но анти-терористичките претставници ги земаат со резерва ваквите изјави и ја оставаат отворена можноста оти терористот делувал и на своја рака.

Засилени мерки за безбедност

Американскиот претседател Барак Обама кој е на божикен одмор со семејството на Хаваи, веднаш по нападот нареди засилени безбедносни мерки на аеродромите во земјата. Американската администрација испратила апел до сите светски авиокомпании и аеродромски власти и тие да ги засилат безбедносните мерки, стравувајќи од поширок бран напади.

Verhinderter Anschlag auf Flugzeug in den USA
Спречен терористички нападФотографија: AP

Во последните осум години ова е втор неуспешен обид за терористички напад врз авион во САД. Исто така за Божик, 2001 година британецот Ричард Рид се обиде да разнесе авион со бомба скриена во чевел. Рид беше осуден на казна доживотен затвор, која ја издржува во САД.

Автор: БГ/АТ/ап/ројтерс