1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неформална средба на шефовите на ЕУ дипломатиите

30 март 2007
https://p.dw.com/p/AgIh

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска и утре на неформалниот самит во Бремен ќе се обидат да обезбедат консензус околу прашањето за идниот статсус на Косово. Еврокомесарот за проширување Оли Рен воочи средбата изјави дека е потребно да се зачува европското единство и да се поддржи предлогот на специјалниот преставник на ОН Марти Ахтисари за меѓународно контролирана независност на покраината. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнамер изрази надеж дека советот за безбедност ќе донесе одлука која ќе промовира стабилноста во регионот и ЕУ. Русија и Кина се против ваквиот предлог, а негодување има и од земји како Шпанија, Грција и Словачка.