1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нечас: Тензиите може да ја нарушат евроинтеграцијата на Македонија

СН/ЕМФ/миа/макфакс17 април 2012

Една од темите на средбата во Скопје меѓу премиерите на Чешка, Петр Нечас и на Македонија, Никола Груевски последните инциденти во земјата.

https://p.dw.com/p/14fCB
Петр Нечас, премиер на Чешката РепубликаФотографија: dapd

Чешката Република го поддржува членството на Македонија во ЕУ и во НАТО бидејќи смета дека тоа е од интерес не само за земјата, туку и за Европската унија и за Северноатлантската алијанса, изјави чешкиот премиер Петар Нечас на денешната пресконференција во Скопје со македонскиот премиер Никола Груевски. Нечас понуди и конкретни искуства и познавања на неговата земја за пристапните преговори на Македонија со Европската унија во оној момент кога ќе започнат.

Двајцата премиери разговарале и за последните инциденти во Македонија. Нечас притоа истакнал, дека секоја тензија може да ја наруши европската интеграција на Македонија.

„Сакам да кажам дека македонската влада има интерес овие тензии да се прекинат. Едната албанска партија учествува и во владата. Ние ги разменивме мислења во врска со тоа. Владата, секако, е заинтересирана за стабилна ситуација во државата, бидејќи секоја тензија може да ја наруши интеграцијата на Македонија кон Унијата. Македонија ги прави сите чекори што се потребни“, изјави Нечас.

Премиерот Груевски на пресконференцијата информираше, дека го запознал Нечас и со реформите што земјата ги презема во однос на исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ и НАТО, како и за активностите на властите во пресрет на мајскиот самит на алијансата во Чикаго. Македонскиот премиер ги претставил и деталите од пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг по однос на тужбата против Грција. Пред високиот гостин од Чешка Груевски порача дека Македонија очекува и формален старт на пристапните преговори со Унијата.

„Почнувањето на Пристапен дијалог на високо ниво меѓу Македонија и Европската унија претставува позитивен чекор во вистинска насока, меѓутоа не е, и не може да биде, замена за преговорите за членство, но, пак, од друга страна ќе придонесе за прогрес и за завршување на одредени реформи, кои веројатно би се завршувале кога би започнале преговорите“, изјави Груевски.

Денеска во македонската влада беа потпишани и две спогодби за соработка меѓу Република Македонија и Чешката Република во областа на меѓународениот транспорт и во здравството.