1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нигериски политичар украл 250 милиони долари

28 февруари 2012

Поранешен гувернер на нигериска провинција призна дека крадел пари од државен нафтен фонд. Пресудата се очекува на 16-ти април.

https://p.dw.com/p/14B8b
Фотографија: Fotolia/Sean Gladwell

Поранешен гувернер на една провинција во Нигерија се изјасни за виновен за кражба на 250 милиони долари во период од осум години додека бил на власт.

Џејмс Ибори, своевремено еден од највлијателните нигериски политичари, ја призна вината по 10 точки од обвинението пред суд во Лондон. Тој изјави дека парите ги крадел од нафтените фондови на Нигерија, а потоа ги изнесувал и перел преку „офшор“ компании.

Ибори беше уапсен во 2010-та година во Дубаи, а три години претходно во Велика Британија му беше замрзнат имот вреден 35 милиони долари.

Обвинителот најави дека ќе бара конфискација на целиот негов имот, кој потоа ќе им биде вратен на жителите на провинцијата Делта во Нигерија.

Пресудата за Ибори се очекува на 16 април годинава во судот во Лондон.

Автор: БГ/бета

Редактор: Ж. Ацеска