1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нигерија – избори

24 април 2007
https://p.dw.com/p/AgB9

Американската влада изрази загриженост поради текот на изборите во Нигерија. САД се особено вознемирани поради извештаите за нерегуларности, соопшти Белата куќа. Гувернерот Умару Јарадуа е прогласен за победник на изборите и покрај извештаите за насилство и за фалсификувања. Опозициониот кандидат, Атику Абубакар ги оспорува изборите. За неверодостојни, изборите ги прогласија и набљудувачите од ЕУ.