1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нигерија – избори

22 април 2007
https://p.dw.com/p/AgBq

Претседателските и парламентарните избори во Нигерија, одржани вчера, беа проследени со насилство и хаос. За наследник на претседателот Олесегун Обасанџо и за нов состав на парламентот гласаа околу 61 милион граѓани со право на глас. Како фаворити важат Умару Јарадуа, кој важи за човек на Обасанџо и опозициониот политичар, Мухамаду Бухари. Резултати од изборите се очекуваат во текот на утрешниот ден. Набљудувачите говорат за голем број неправилности како недостиг на гласачки ливчиња и манипулации, како и ненавремено отворање на избирачките места. Во новите насилства во Нигерија загинаа повеќе луѓе, меѓу кои и седуммина полицајци.