Низ објективот на папараците
Онаму каде што се славните, таму се и камерите. Фоторепортерите на таблоидите секогаш им се зад петиците на ѕвездите. Сега може да се погледне низ нивните објективи и да се видат нивните најпознати фотографии.
Во прв план
На патувачката изложба „Папараци“, која во Франкфурт може да се види до 12 октомври, презентирани 600 фотографии кои ја одбележале историјата. Посетителите влегуваат на црвен тепих, а околу нив се слуша џагорот на публиката преку звучници. Блицовите светкаат на секој чекор. Сцената е подготвена: посетителите сега знаат какво е чувството да се биде Парис Хилтон.
Без фотографии!
Папараците се познати по тоа што чекаат во грмушки и во канти за смет, колку и да е потребно. Да се добие перфектната фотографија на ѕвездата е сѐ што се бара. Најпознатите „фотки“ најчесто вклучуваат пијанство, голотија или романтичка интеракција. Овде, Мик Џегер не е заинтересиран за позирање. На Арнолд Шварценегер, од друга страна, тоа не му пречи.
Нема бегање
Среќниот папарацо не мора секогаш да се крие во темна уличка. Понекогаш славните доаѓаат директно кај нив - како кога се симнуваат од авион. Коридорот е идеалната замка за славните. Актерката Анита Екберг немаше друг избор освен да мине низ оваа група фоторепортери.
Во напад
Без папараците ќе нема таблоиди. А без таблоидите, нема славни лица. Без разлика на критиките на нивна сметка, фоторепортерите им нудат на старлетите платформа преку која стануваат славни. Кога врвен модел ќе биде забележан во бикини, цела страница може да биде посветена на нејзиниот вишок килограми. Но откако повторно ќе ослабне, може да се одмазди како Кејт Мос во оваа поза.
Такси стапица
Неформалната задача на папараците е да ги кршат правилата и да копаат длабоко во приватните животи на своите „жртви“. Секоја криза во бракот на Лиз Тејлор со Ричард Бартон беше опишувана чекор по чекор. Но тоа не им пречеше. Напротив, се чинеше како да имаат блиска врска со печатот. Тејлор беше позната по тоа што секогаш ја местеше својата насмевка, особено кога знаеше дека е набљудувана.
Брижит, ти претеруваш!
За дивата Брижит Бардо, од друга страна, постојаното набљудување беше кошмар. Беше уморна од постојаното надгледување и одбиваше да биде фотографирана од папараците. Поради тоа, фрустрираните фоторепортери протестираа пред нејзината куќа со пароли како: „Во 1955 ти трчаше по нас, а во 1965 не‘ одбиваш!“
Спонтаноста е новата перфекција
Изложбата во Франкфурт го прикажува новиот уметнички жанр кој се појави со фотографиите на папараците. Во него помала важност се придава на композицијата и на позадината, а многу повеќе на спонтаноста на моментот. Многу фотографии се замачкани и полни со непотребни објекти. Но ѕвездата е секогаш во главна улога, како Мик Џегер со неговата втора сопруга Џери Хол.
Ризикот на професијата
Некои папараци и самите станаа славни, како Рон Галела. Негова специјалност беше ловењето на најголемите ѕвезди од тоа време: Џеки Кенеди, Одри Хепберн, Мадона, Ричард Бартон. Во една прилика, Марлон Брандо толку се налути што го удри Галела во лицето и му искрши неколку заби. Потоа, фоторепортерот почна да носи фудбалска кацига и продолжи да го следи Брандо.
Инсајдерска работа
Рок иконата Иги Поп е фотографиран од објективот на Бренд Елтерман. Папарацото могу добро ја познавал музичката сцена во Лос Анџелес. Имал пријателски односи со бројни бендови и имал можност да фотографира бројни врвни музичари. Дури и објави книга за необичното искуство со чуден наслов: „Сликање на ѕвездите: Како да се станете фотограф на славните“.
Зад маската
Ловењето на славните за време на шопинг одамна е омилен мотив на папараците. Во идеална ситуација, гламурозните девојки се ловат без шминка, во тренерки, и натоварени со кеси и торби. Во таква ситуација дури и Бритни Спирс (во позадина) и Парис Хилтон (десно) изгледаат како просечна жена додека пружа алишта. Многумина најверојатно би минале покрај нив без воопшто да ги препознаат.