1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Николиќ не го смета масакрот од Сребреница за геноцид

ЕМФ/бета/афп/ртр2 јуни 2012

Срспкиот претседател Томислав Николиќ во интервју објавено на интернет страницата на црногорската телевизија вели дека во „Сребреница немаше геноцид“.

https://p.dw.com/p/156V2
Фотографија: Reuters

„Во Сребреница се направени тешки воени злосторства од страна на некои Срби, кои треба да бидат пронајдени, треба да им се суди и да бидат казнети“, вели новиот српски претседател Томислав Николиќ за црногорската телевизија. Тој во интервјуто објавено вчера (01.06.2012) на интернет страницата на телевизијата оценува дека е „многу тешко“ пред судот да се докаже дека „настанот имал форма на геноцид“.

Трупите на босанските Срби на 11 јули 1995 година влегоа во енклавата на ОН Сребреница и убија околу осум илјади муслимански мажи и момчиња. Трибуналот на ОН за поранешна Југославија и Меѓународниот кривичен суд на ОН овој настан го окарактеризираа како геноцид.

Томислав Николиќ во интервјуто уште вели дека „веројатно“ нема да го исполни предлогот на муфтијата Зукорлиќ да ја посети Сребреница, зашто како што објасни тоа го стрил неговиот претходник Тадиќ и смета дека нема потреба претседателите на Србите постојано да ги прашуваат: „Кога ќе одиш во Сребреница?“

Зборувајќи за Косово, Николиќ изјави дека нема да ја признае неговата независност „дури ни по цена на членство на земјата во ЕУ“.