1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Никој не сака да посегне подлабоко во џебот

22 јануари 2012

Сите бараат поголема заштита на животните. Но, колку за тоа се подготвени да платат селаните, индустријата и супер маркетите? Малку, зашто одвај дека некој сака да посегне подлабоко во џебот.

https://p.dw.com/p/13o04
Фотографија: picture-alliance/dpa

Кога муштериите во супер маркетите гледаат во фрижидерите за месо, веќе се „наострени“ на што поевтини производи. Борбата за што пониски цени се најде во фокусот на саемот за земјоделство „Зелена недела“ во Берлин. Дали желбата за што поевтина храна на товар на животните и природата е одговорна? Политиката и заштитниците на потрошувачите бараат промена на курсот, а и браншата се чини е се’ посензибилна по ова прашање. Меѓутоа, тоа по џебот ќе го почувствуваат купувачите.

„Потрошувачите кои денес се жалат поради условите во кои се одгледуваат животните, со своите навики да купуваат што поевтино токму го поттикнуваат ваквиот вид на земјоделство и сточарство“, вели Хајнрих фон Басевиц, еко-ополномоштеник на Сојузот на германските селани.

Алтернативните земјоделски здруженија велат дека трендот за што поефективни методи на производство на месо и производи од месо ги тера земјоделците на чување животни во големи хали. На тој начин тие се подготвени за светскиот пазар, а глобалната побарувачка го поттикнува бизнисот.

Deutschland Flash-Galerie Biologische Landwirtschaft Freiland Tierhaltung
Биолошкото производство значи и многу повисоки цениФотографија: AP

Дали чувањето животни во огромни хали е недостојно за животните или е можеби доволно само овој начин да претпри извесни подобрувања? Ова е прашањето околу кое наголемо се спори.

„Генерално не значи дека на голем број животни во големите штали им е полошо отколку на малкуте животни во помалите штали“, аргументира министерката за земјоделство Илзе Ајгнер. Сепак, постојат „граници“ до кои тие штали можат да се шират. Дека муштериите можат да влијаат врз понудата е јасно.

„Тие се подготвени да платат за квалитетот“, убеден е раководителот на организацијата на потрошувачите „Фудвоч“ Тило Боде. Тој додава дека потрошувачите притоа мораат да препознаат дека „една намирница е подобра од другата“.

Автор: ЕМФ/дпа

Редактор: А. Методијев