1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Никој не се грижи за нас“

4 август 2010

Повеќе од три милиони лица се загрозени од поплавите во Пакистан. Бројот на жртвите надмина 1.500. Пакистанските власти, иако ја ангажираа армијата, се изложени на остри критики заради слабата реакција на поплавите.

https://p.dw.com/p/ObPl
Фотографија: DW

Во најголемите поплави во историјата на Пакистан најмалку 1.500 луѓе ги загубија животите, а повеќе од 100.000 Пакистанци се под закана од ризик од ширење заразни болести, предупреди Црвениот крст.

Десетици илјади се заробени во поплавените области и не можат да добијат хуманитарна помош, затоа што улиците и мостовите се уништени од водените маси. Пакистанската армија се обидува да помогне со сите средства што и` стојат на располагање. Ангажирани се триесет илјади војници. Но тоа не е доволно. Многу од погодените се’ уште чекаат на прехранбени производи и медицинско згрижување.

Pakistan Überschwemmung Flut
Фотографија: DW

Нови врнежи?

Проценките се дека е потребна храна за околу 1,8 милиони Пакистанци во следниот месец.

Поплавите кои разорија делови од планинскиот северозапад во државата се шират во внатрешноста на Пакистан, а метеоролозите предвидуваат нови врнежи.

Pakistan Überschwemmung Flut
Фотографија: DW

Помошта доцни поради непроодни патишта,уништени мостови и прекинати линии за комуникации.

Незадоволството се шири

„Веќе пет дена сме во оваа ситуација. Никој од државата не дошол да не` праша дали ни` треба нешто. Преноќуваме на висорамнината, се’ загубивме, но никој не се грижи за нас“, велат луѓето погодени од елементарната непогода.

Недостасува пред се` чиста вода за пиење, а се зголемува и опасноста од зарази. Ники Бенет, портпаролка на ОН за Пакистан, истакнува:

„Навистина мораме да бидеме многу внимателни. Можно релативно брзо да се случи да избијат болести, како на пример колера и брзо да се прошират. Тоа во моментов, како и при други поплави, има највисок приоритет.“

Освен дијареата од која се болни многу луѓе, сериозен замав веќе зема и колерата, и тоа според меѓународните претставници, во моментов е најголемиот проблем.

Автор: Александер Розенберг / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска