1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нимиц на средби со македонскиот врв во Скопје

АТ/ миа11 јануари 2013

Медијаторот на ОН за изнаоѓање решение за грчко-македонскиот спор околу името Метју Нимиц во Скопје се среќава со македонскиот државен врв, откако во Атина изрази уверување дека може да се постигне „некакво решение“.

https://p.dw.com/p/17Hxj
Фотографија: picture-alliance/dpa

Медијаторот во грчко-македонскиот спор за името Метју Нимиц денеска во Скопје имаше средби со претседателот Ѓорге Иванов и со шефот на дипломатијата Никола Попоски, а попладнево во Владата се среќава со премиерот Никола Груевски.

На средбите со македонскиот државен врв се очекува да презентира одредени идеи за надминување на долгогодишниот спор, откако тоа завчера го направи во Атина. Нимиц вчера по пристигнувањето во Скопје изјави дека работи напорно за да се види дали е можно да се постигне некаков напредок.

Тој завчера во Грција имаше средба со премиерот Андонис Самарас и министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос. По средбата тој изјави дека грчката Влада со голема искреност сака да се постигне договор за прашањето за името. Истакна дека имале „куса, но интензивна дискусија“ и информира дека презентирал некои идеи за кои разговарале во детали.

„Не сакам да го употребувам зборот предлог, туку повеќе идеи за кои зборувавме во ноември во Њујорк. Имам некои размислувања кои ги презентирав тука. Истото ќе го направам и во Скопје и да видиме дали можеме да се доближиме“, рече Нимиц.

Тој нагласи дека не може да открие што презентирал, но изрази уверување дека дискусиите можат да се забрзаат и да се постигне „некакво решение“.

САД се надеваат на изнаоѓање заемно прифатливо решение

„Се надеваме дека лидерите на Македонија и на Грција ќе најдат заемно прифатливо решение за прашањето за името и ќе ги искористат напорите на амбасадорот Метју Нимиц да постигнат напредок“, изјави портпаролот на американскиот Стејт Департмент Викторија

Victoria Nuland
Викторија НуландФотографија: AP

Нуланд во врска со посетата на посредникот на ОН на Скопје и на Атина.

Запрашана за улогата на американските дипломати во Скопје и Атина и дали тие помагаат за напредок во разговорите за името, Нуланд на редовниот брифинг во Вашингтон изјави дека САД отсекогаш ги поддржувале напорите на Нимиц за решавање на долгогодишниот спор.

„Кога тој бара од нас да помогнеме, ние се обидуваме да бидеме корисни. Секогаш ги следиме неговите посети на Скопје и Атина, и очекуваме да слушнеме дали има нешто ново“, изјави Нуланд.