1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нимиц останува медијатор во спорот околу името

25 мај 2007
https://p.dw.com/p/Anvd

Нема никакви промени на Мандатот на Метју Нимиц, посредникот на ОН во спорот меѓу Атина и Скопје околу употребата на уставното име на Македонија – порача во Њујорк , македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошовски по вчерашната средба со генералниот секретар на ОН , Бан Ки Мун. Тој очекува во иднина Грција да покаже поголема конструктивност околу ова прашање и изрази жалење дека грчките политичари во предизборната кампања воочи претстојните избори , ја засилуваат реториката во врска со проблемот околу името. Милошоски со Бан Ки Мун разговарал и за Косово , при што бил истакнат заедничкиот став за подршка на планот на Марти Ахтисари и за што побрзо решавање на статусот на Косово.