1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нимиц по грчките избори со финален предлог за името

31 мај 2007
https://p.dw.com/p/AntB

Посредникот во грчко македонскиот спор за уставното име на Македонија, Метју Нимиц својот финален предлог ќе го изнесе по парламентарните избори во Грција, пишува грчкиот весник Катимерини. Во текстот на весникот се наведува дека последниот предлог на Нимиц ќе биде полош за Грција, во споредба со оној од 2005, кога посредникот како решение го предложи името Македонија-Скопје. Парламентарните избори во Грција според редовниот термин треба да се одржат во март 2008, но сепак во јавноста се зборува за предвремени избопри кои би се одржале есента 2007.