1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ниту пропаст ниту триумф

9 декември 2003
https://p.dw.com/p/AcRl
Кога преговараат претставници на владите, неопходните реформи пропаѓаат пред отпорот на националните инетереси. Ова е лекцијата што ја извлече Европската унија од самитот во Ница кон крајот на 2000 година. Затоа за големиот проект наречен европски устав беше формиран конвент во кој беа застапени не само владите на старите и новите членки, туку и институциите на ЕУ. Летоска конвентот го претстави нацрт-уставот за кој требаше да се расправа уште на неколку владини конференции, но без успех. За многу точки од нацртот повторно се покажаа несогласувања. На самитот што треба да се одржи в петок и сабота, Уставот треба да биде усвоен, а сега се заканува да пропадне. Дали шефовите на држави или влади го заборавија искуството од Ница? Темата ја коментира Александер Кудашеф. Во Брисел веќе се чувствува нервоза. Дали самитот ќе биде успех? Дали шефовите на држави или влади на 25-те стари и нови членки на ЕУ ќе можат да се согласат за новиот устав? Ќе биде ли голем погодок или компромис со најмал заеднички именител? Дали нацртот ќе биде распарчен до детали или ќе се успее да се одбранат големите идеи? И кој ќе биде победник на самитот? Конвентот? Шпанија или Полска кои по секоја цена сакаат да ги спроведат своите привилегии, или пак Франција, Германија и другите ќе го одбранат нацртот? Прашања врз прашања, а од вообичаениот оптимизам во Брисел ниту трага. Шансите за успех на самитот се проценуваат на 50 - 50, иако сите знаат дека кон драматургијата на вака тешка средба припаѓа и покерот во кој се успева или се пропаѓа: германскиот министер за надворешни работи. Или спокојна тактика: Жан Клод Јункер. Но, и тврдокорно инсистирање во што се мајстори Шпанија и Полска. Ако пак пропаѓање на самитот е исклучено, тогаш ниту успехот нема да биде триумф - толку едноставна е логиката на дипломатите. Кога по европскиот самит во Ница зимата 2000-та учесниците сфатија дека по кавгаџиските и мачни часови, денови и ноќи, конечно најдоа одговори за институционалните прашања на ЕУ што сето може да се кондензира во една реченица - како може да се води разумно и ефикасно ЕУ на 25 членки, тогаш на сите им беше јасно: резултатот беше лош и така не може натаму. Затоа уште во Ница беше договорено да се формира конвент кој ќе изготви устав кој ќе ги обезбеди ефикасноста на Унијата и нејзиниот демократски легитимитет. До тука супер! Потоа повеќе од 100 парламентарци и членови на влади се зафатија за работа, дебатираа повеќе од една година под авторитетното водство на Жискар Д'Естен и конечно го запишаа текстот за првиот европски устав. Беше претставен. Доби аплаузи што ги заслужи, доби оправдани критики што исто така ги заслужи. А, потоа нацрт-уставот беше парчосан - од самите национални држави. Започнаа ценкања како на коњски пазар. Компромисите во конвентот веќе не важеа. Договорот од Ница повторно стана основа за европската политичка математика. Со еден збор - по ковентот сега повторно Ница - што покажа дека лекциите од неа беа заборавени. Сега повторно станува збор за националните интереси. Едни велат: не можеме да се откажеме дод сопствен комесар. Други велат: бараме толкава политичка тежина како што ни беше ветено во Ница. Со други зборови се што запиша конвентот по напорна работа, сега е ништожно, а со тоа и уставот. Сигналите во Брисел значи укажуваат на бура. А, татковците на уставот беспомошно мораат да гледаат како нивната работа се парчосува. Така Брисел доживува нешто на што никој не сметаше: ренесанса на Ница.