1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нобеловиот медал на празното столче на Шијаобо

10 декември 2010

Во Осло денеска (10.12.2010) се одржа свеченоста за врачување на Нобеловата награда за мир. Првпат по повеќе децении таа мина без присуство на лауреатот. Кинескиот дисидент Лиу Шијаобо отслужува затворска казна во Кина.

https://p.dw.com/p/QVKK
Столицата на Лиу Шијаобо остана празнаФотографија: AP

„Жалиме што лауреатот не е присутен. Тоj е во затвор, во изолација, во североисточна Кина. Со нас не можеа да бидат ниту сопругата на Лиу, ниту кој било друг близок роднина. Затоа денеска не можат да бидат врачени ни медалот, ниту дипломата. Самиот овој факт покажува дека наградата е неоопходна и соодветна. Му честитаме на Лиу Шијаобо на годинешната Награда за мир“

Апел за ослободување на Шијаобо

Norwegen China Friedensnobelpreis Verleihung an Liu Xiaobo in Oslo Flash-Galerie
Нобеловата награда се состои од диплома ( на сликата) , медал и паричен дел од 1, 1 милион евраФотографија: AP

Шефот на Нобеловиот комитет, Торбјорн Јагланд, денеска ги остави медалот и дипломата на празниот стол во норвешкиот главен град. Јагланд од властите во Кина побара да го ослободат носителот на Наградата за мир. „Лиу само ги практикува своите граѓански права. Тој не направил ништо погрешно“, рече Јагланд додавајќи:

„Му честитаме на Лиу Шиаобо на Нобеловата награда за мир 2010-та. Неговите ставови, на долг рок, ќе ја зајакнат Кина. Нему и на Кина им ги упатуваме нашите најдобри желби за годините што доаѓаат.“

Нобеловата награда која се состои од диплома и медал, како и паричен дел од околу 1,1 милион евра би требало да остант во Осло, се‘ додека не ги подигне Лиу лично или негов човек од доверба.

Лиу беше осуден на 11-годишна казна затвор во 2009 година, поради „поткопување на државниот поредок“. За владата во Кина, Лиу, коавтор на Повелбата 08, која бара длабоки политички реформи во земјата, е „криминалец“.

Анти- кинески протести во Осло

Norwegen China Friedensnobelpreis Verleihung an Liu Xiaobo in Oslo Flash-Galerie
Момент од свеченоста во ОслоФотографија: AP

Кинеската полиција вчера ја опколи куќата на Лиу и ги контролираше личните документи на сите кои доаѓале во неговиот дом. Извесен број новинари кои стоеле покрај куќата на Лиу биле затворени во специјален простор, а безбедносните сили принудиле голем број активисти, познати како опозиционо ориентирани, да го нашуштат Пекинг.

Вчера во Осло, пак, се одржаа анти-кинески протести. Околу 100 демонстранти се уаптија кон кинеската амбасада, барајќи ослободување на критичарите на режимот. Тие имаа намера во амбасадата да предадат петиција со над 100.000 потписи за ослободување на Лиу, но полицијата ги истера од дворот на амбасадата. Кина, освен тоа, вршеше притисок и врз дипломати на странски земји да не учествуваат на церемонијата во Осло. Така учеството го одбија 17 земји, меѓу кои и Русија, Иран, Венецуела, Пакистан и Куба.

Автор:ЕМФ/ГФ/дпа/кна/афп

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи