1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Новата влада треба да ја спроведува европската реформска агенда

7 јули 2006

Интервју на ДВ со Кристина Галах , портпарол на специјалниот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана . Автор: Невена Ангеловска

https://p.dw.com/p/Ac5A

Генерална оценка е дека Македонија имаше мирни и слободни избори . Дали по 5 јули, Македонија е поблиску до ЕУ?

Земјата по изборниот процес и по изборниот ден е онаму каде што и беше во односите со ЕУ , значи земја кандидат пред која стои многу работа кога станува збор за реформите во економијата и политичкиот систем а особено во полето на борбата против криминалот и воспоставувањето на владеењето на законот, но во истовреме и земја која има јасна приврзаност кон Европа . Токму затоа ние во Европската Унија ќе продолжиме да работиме . Се надеваме дека новата влада ќе продолжи напред со она што го нарекуваме европска реформска агенда и постепено Македонија ќе биде поблиску до европските институции и ќе биде поблиску до евроатлантските институции.

Дали предизборни инциденти можат да и наштетат на севкупната слика?

Морам да подвлечам дека оценката глобалната оценка за спроведувањето на изборите е позитивен , и тоа е оценка која е потврден и од главните меѓународни преставници во Скопје дека изборте се одвивале во мирна атмосфера .На Изборниот ден немаше насилни инциденти , постоеја некои нерегуларности . Се на се ситуацијата беше многу подобра кон крајот на кампањата и на изборниот ден отколку на почетокот . Ова секако упатува на напредок , но во истовреме покаќжува колку е важно да се оди напред со сите работи кои имаат врска со реформите во полето на владеењето на законот , и јас јасно би кажала дека македонските лидери и македонските граѓани ќе мора да продолжат да работат за да во целост ја исполнат европската реформска агенда.

Кои би биле вашите препораки за новата влада ?

Нашата препорака би била да се продолжи да се турка напред со реформската агенда , вклучително и со имплементацијата на Охридскиот рамковен договор. Сакаме да видиме прогрес во важните подрачја како владеењето на законот , јакнењето на иснтитуциите на системот . Сите овие работи ќе бидат многу важни . И всушност добрата транзиција на моќта од рацете на една коалиција во рацете на други учесници во владата е јасен знак на созреаност . Токму затоа го очекуваме тој преоден период , кој ќе биде спроведен на мирен и на многу одговорен начин . Ова само може да помогне во процесот на чекорење кон европските институции.

Дали сметате дека имплементацијата на регулативите на ЕУ сега треба да биде како што беше досега или можеби побрза?

„ Колку повеќе процесот на имплементација на реформите е забрзан и се се спроведува со одлучност толку подобро . Затоа без оглед кој ќе ја состави владата , знае дека треба да се работи во подрачјата на економијските реформи , политичките реформи , јакнењето на институциите . Колку повеќе сето ова се прави со консензус и силна институционална подршка толку повеќе сите ќе ќе можат ад бидат убедени дека Македонија постепено и се доближува на ЕУ “.