1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова експлозија во рудник во Русија

29 октомври 2003
https://p.dw.com/p/AcSV

Во Русија денеска се случи нова рударска несреќа. Според руското министерство за цивилна заштита, најмалку тројца рудари загинале во експлозија што се случила во рудник во Партизанск, во регионот Приморскиј. Повеќемина рудари се повредени, а судбината на 55-мина други сеуште е непозната. Тие се веројатно затрупани на длабочина од 70 метри. Од рудникот се спасени 15 рудари.

Пронајдени се и 12 од 13-те рудари кои шест дена беа исчезнати во длабочините на рудникот во Новошахтинск. Еден рудар е мртов, еден е во животна опасност. Според раководителот на акцијата за спасување, ниту еден од рударите не може да се движи со сопствена сила. По одолговлекувањето на пробивањето на тунелот за спасување, вчера спасувачите успеале да се пробијат во окното во кое се претпоставувало дека се наоѓаат затрупаните рудари. Тие се пронајдени со помош на пораката испишана на еден од sидовите на окното, зад кој луѓето се сокриле откако главното окно почнало да се полни со вода.

Во рудникот Сападња во четвртокот беа затрупани 71 рудар откако неочекувано во окното пробила вода од подземно езеро. 25-мина веднаш излегле од рудникот, 33-ца беа спасени во саботата по драматичната акција на спасувачките екипи. Во изминатите 4 дена спасувачите копаа 60 метри долг тунел за да стигнат до местото каде што се претпоставуваше дека се наоѓаат преостанатите рудари.