1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова „ледена планина“ пред Гренланд

ЕМФ/дв19 јули 2012

Глобалното затоплување предизвикува топење на глечерите. Пред Гренланд повторно има леден брег кој се отцепи од еден од двата последни глечера. Неговите димензии се огромни.

https://p.dw.com/p/15aza
Фотографија: REUTERS

Ледена планина со големина колку Менхетн се отцепи од еден од глечерите на Гренланд. НАСА соопшти дека колосот од мраз може да види многу јасно на новите сателитски снимки. Сликите покажуваат дека јаз на „јазикот на глечерот“.

Според научниците, местото кадешто се отцепил ледениот брег се наоѓа на глечерот Петерман, на северозападниот брег на Гренланд. Линија која укажуваше на претстојно отцепување можеше да се види уште во 2001 година. Сега снимките на сателиот Аква недвосмислено потврдуваат дека ледениот брег се одвоил од глечерот.

Глечерот Петерман е еден од двата последни големи глечери на Гренланд. Тој се наоѓа на околу илјада километри јужно од Северниот пол. Од него постојано се одвојуваат парчиња мраз. Последен пат пред две години се одвои леден брег од 260 квадратни километри. Научниците тврдат дека главен виновник за ваквите расцепкувања на глечерите е затоплувањето на климата. Експертот Андреас Минхов од универзитетот во Делавер укажува дека всушност вистинското топење на глечерите не се случува пред очите, туку под вода. Зашто на длабочина од 600 метри, онаму кадешто глечерот се допира до карпи, водата е потопла, пишува тој во својот блог.