1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова политичка смена во Украина

8 јули 2006

Откако социјалистите во Украина ја напуштија про – западната портокалова коалиција, проруските партии вчера вечер формираа нова владина колиција со нив. За нов шеф на владата е предложен поранешниот премиер Виктор Јанукович, шеф на партијата на регионите.

https://p.dw.com/p/Ae0H
Јулија Тимошенко нема да биде премиер на Украина
Јулија Тимошенко нема да биде премиер на УкраинаФотографија: AP

Ова е промена по промената и најверојатно крај на портокаловата револуција. Виктор Јанукович, кој ги фалсификуваше изборите во 2004 година, а подоцна не успеа ниту на претседателските избори повторно е на пат кон моќта. Функцијата премиер на Украина се чини дека му е на дофат на рака „Ние сите сме на мислење дека не смеме повеќе да губиме време. За тоа колку што е можно побрзо треба да формираме влада и да изработимне анти – кризна програма.“ рече Јанукович

Социјалисите во Украина сега се заедно со прорускиот табор. До промената на ставот дојде, бидејќи социјалистите ја бараа функцијата претседател на парламентот. Портокаловата коалиција не се согласи да им ја отстапи и тие го сменија таборот. „Склучивме спогодба. Новото е што и пратениците од дргуите партии се согласни.“

Во Киев во моментов се шират и гласини дека Јанукович располага со 250 милиони долари пари за поткуп на пратеници, но ова во никој случај неможе да се потврди.

Во вторник се очекува парламентот да гласа дали Јанукович ќе биде новиот премиер на Украина или не. Новите три коалициони партнери се единсветни по тоа што одбиваат влез на Украина во НАТО.