1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова резолуција на ОН за Иран в сабота?

22 декември 2006

Ни новата преговарачка рунда на петте членки на Советот за безбедност на ОН со право на вето и на Германија не донесе согласност околу текстот за нова резолуција за Иран.

https://p.dw.com/p/Aduf
Со отстапки до нова резолуција: Кондолиза Рајс
Со отстапки до нова резолуција: Кондолиза РајсФотографија: picture alliance /dpa

Нацрт-резолуцијата, поднесен од Франција и Велика Британија, бара од сите земји да забранат испорака на материјали и технологија на Иран, кои би можеле да бидат применети во неговата атомска програма. На барање од Русија и Кина е отфрлена забрана за патувања за ирански атомски експерти.

Со санкциите околу кои се води расправа меѓународната заедница сака да постигне Иран да ја запре постапката на облагородување на ураниум. САД искажуваат сомневања дека таа земја всушност развива атомско оружје. Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин искажа надеж дека и последните разлики би можеле да бидат отстранети до утре. Американскиот министер за надворешни работи Кондолиза Рајс сигнализира готовност за натамошни отстапки во насока кон забелешките од Москва за да не се загрози усвојувањето на резолуцијата. Според Рајс, резолуцијата треба на Иран да му ја пренесе пораката дека не може да ја победи меѓународната заедница.