1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова снимка на Ал Каеда

8 септември 2006

Катарската телевизија Ал Џезира синоќа објави видео снимка на која за првпат се гледа како шефовите на терористичката Ал Каеда ги подготвуваат нападите врз САД изведени на 11 септември 2001.

https://p.dw.com/p/AdxX
Терористичкиот напад во Њујорк од 2001
Терористичкиот напад во Њујорк од 2001Фотографија: AP

На снимката се гледаат двајцата атентатори самоубијци – Саудијците Хамзе ел Рамди и Уел ел Шемари. Тие зборуваат за некаква ситуација во која се наоѓаат босански и чеченски муслимани. Петнаесетмина од 19 камикази кои учествуваа во нападите во САД беа по потекло од Саудиска Арабија. На прикажаната видео снимка се гледа и шефот на организацијата Осама Бин Ладен. Ал Џезира тврди дека прикажала само неколку минути од снимката која наводно трае час и половина. Телевизијата Ал Џезира секогаш прва ги објавува снимките со пораките на челниците на Ал Каеда. Таа претходно ја објави и снимката на шефот на оваа терористичка организација во Ирак, Абу Хамѕа Ал Мухаџер кој верува во нивната победа, но ги критикуваше ирачките сунити за учество во власта. Ал Мухаџер во видео снимката ги повика сите муџахедини да се обединат во борбата.