1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова стратегија и нова солидарност?

30 ноември 2006

Средбите на НАТО сојузот по правило се рутински. Но со оглед на моменталниот ангажман во Авганистан, такво нешто тешко дека може да се каже и за последниот самит кој се одржа во Рига. Пред се заради фактот што на темата Авганистан, ставовите на земјите членки очигледно беа различни. Коментар на Бернд Ригерт

https://p.dw.com/p/AdvQ
Фотографија: AP Graphics

„Ако не знам ништо натаму, тогаш би формирал една работна група„ Под ова старо бирократско мото, претставниците на НАТО на самитот во Рига разговараа за Авганистан. Со оглед дека членките на Алијансата и натаму одбиваат во оваа земја да испратат дополнителни трупи, или на оние кои се таму веќе стационирани да им овозможат да не бидат ограничени на еден регион, сојузот сака да формира контакт група.

Таа би требало да ја зајакне соработката меѓу војската и цивилните организации за цел на обнова на Авганистан. Германската канцеларка Ангела Меркел побара еден заеднички концепт. Но тука човек треба да се запраша: Зарем до сега немаше заеднички концепт и што ќе стане од Авганистан и тоа пет години откако западната Алијанса му стави крај на владеењето на талибанците?

Кога станува збор за обновата на Авганистан, тука е сосем сигурно дека до сега нешт е направено, но централната одлука во Рига гласи: Ние не можеме таму веќе да се плеткаме како и досега. Апелот на НАТО до ЕУ, подобро да се определи по тој прашање, звучи помалку необично, бидејќи мнозинството шефови на држави и влади на НАТО се воедно од земјите членки на ЕУ. Значи се чини дека човек апелира самиот на себе. Покрај тоа во пораката од Рига се вели дека отпорот на талибанците и посебно бунтовниците во Авганистан воено не може да се скрши. Тоа можеби е точно, но за командантите на ИСАФ на лице место не би требало да значи укинување на натошните неопходни сили, што токму и се случува. Имено една петина од неопходните војници на југот на оваа земја, не се таму.

Дискусиите за солидарноста во НАТО, во Рига се одложени на неодредено време. Меѓутоа тие би можеле повторно да се актуелизираат доколку на пример Холандија праша, дали било исправно своите трупи да ги испрати на југот на Авганистан. Врз премиерот Јан Петер Балкененде наскоро би можело да биде извршен притисок за повлекување на силите. Ситуацијата во Авганистан нема да се подобри со она што беше кажано во Рига. Војската во оваа земја се жали дека главниот проблем на теренот е трговијата со дрога со која се финансира тероризмот. Меѓутоа за ова прашање во Рига воопшто не стана збор. Силите на ИСАФ предводени од НАТО се далеку од сузбивање на овој крвав бизнис.

Меѓутоа на самитот во Рига овој пат беа дадени охрабрувачки сигнали за земјите кои сакаат да му се приклучаѕ на воениот сојуз. Земјите од Балканот се се` поблиску до Западната Алијанса. Вратите за Грузија и Украина, и покрај руското противење остануваат отворени. Но конкретни одлуки за тоа се одложени за 2008 година.