1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова франуцска влада

18 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag2y

Новиот француски претседател Николас Саркози и новонаименуваниот премиер Франсоа Фијон денеска ќе го претстават составот на новит кабинет. Како знак за политичко отворање се смета назначувањето на социјалистот Бернар Кушнер за министер за надворешни работи, како и на либералот Ерве Морин за министер за одбрана. Ново и е и таканареченото супер-министерво за доселување и национален идентитет, формирано од четири другиресори. Ќе го води долгогодишниот приврзеник на Саркози, Брис Хортефо.