1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова шанса за Шпанија

Штефани Милер
2 јуни 2018

Новиот шпански премиер положи заклетва. Наспроти сите хорор-сценарија, Педро Санчез е добра вест за Европа. Шпанија има реална шанса за нов почеток и за решавање на спорот со Каталонија, смета Штефани Милер.

https://p.dw.com/p/2yqG4
Pedro Sanchez Vereidigung
Фотографија: picture-alliance/dpa

Шпанските конзервативци на  екс-премиерот Маријано Рахој,  кои ја загубија власта поради корупциските скандали, во идните месеци како опозиција треба да си ги расчистат работите ако на следните парламентарни избори не сакаат да доживеат целосен пад. Во најновите анкети тие се трета политичка сила во земјата по Либералите и Социјалистите.

Социјалистичката партија на новиот шпански премиер Педро Санчез, кој денеска положи заклетва на новата функција, процесот на обвновување го заврши уште во изминатите години. Социјалистичката партија вршеше интерни демократски процеси на изјаснување и се прости од многумина од старата лига, кои имаа решавачка улога и вина во формирањето меур од сапуница во браншата на недвижности. Социјалистички градоначалници и регионални политичари радо прогледувале низ прсти при контролите на локалните банки, градежните проекти и други проекти во замена за пари и великодушно ги пречекорувале постоечките закони. 46-годишниот Санчез сега треба да се докаже, но тој може да се поистовети со новиот почеток на Социјалистичката партија.

Kommentarbild Stefanie Claudia Müller
Штефани МилерФотографија: privat

ЕУ не треба да има главоболки поради Шпанија. Домашните концерни и бројни средно големи претпријатија излегоа зајакнати од економската криза започната во 2007. година, која во 2012. година водеше кон европско спасување на банките, но во меѓувреме предизвикува само политички последователни болки. Мнозинството шпански фирми, исто како и граѓаните, научија да штедат. Тие ги подобрија процесите, инвестираат во истражување и развој и поради тоа водат во модерните технологии како блокчеин, интернет-поврзувањето и вештачката интелигенција. Шпанците во меѓувреме се во првите редови и во областа на медицинскиот развој и инфраструктурни проекти. Не само што шпанските банки држат први места според ефикасноста и иновациите, туку и Телефоника и шпанската брза железница станаа симбол на модерна и кон иднината ориентирана Шпанија. 

Санчез сега ваквата стабилност може да ја етаблира и во сферата на политиката.  Гласањето за доверба за владата на екс-премиерот Рахој во шпанскиот парламент создаде повторно мнозинство со кое е можно конечно да се донесат нови закони и да започнат важни општествени проекти, како уставна реформа и промени во избирачкото право. Шпанија на таков начин има шанса за втора „транзиција“. Така Шпанците го нарекуваа преминот од диктатура во демократија. Несомнено, промената на владата преку импичмент претставува прелом за Шпанија и сигнал дека корупцијата повеќе нема да се толерира. Граѓаните во меѓувреме повеќе ги ценат етиката и моралот на политичарите наместо економската умешност.

Анкета на шпанскиот Институт за истражување на јавното мислење Центар за истражувачка социологија покажува дека на Шпанците корупцијата и измамите им создаваат најголеми грижи, покрај невработеноста која сѐуште изнесува 16 проценти. Новата министерка за правда Маргарита Роблес може да придонесе за тоа шпанското правосудство повторно да стекне престиж, исто да се заложи и за слобода на медиумите. Вработените во шпанската ТВ и радио РТВЕ со месеци се жалат дека биле ставени под масивен притисок од досега владејачката Народна партија да не известуваат за одредени корупциски случаи. Санчез не треба да падне во искушение, слично на некои негови претходници, да заврши во истата стапица и РТВЕ да ја користи за пропаганден апарат.