1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Новицки најдобар играч на НБА

16 мај 2007

Германскиот кошаркар Дирк Новицки годинава е прогласен за најдобар играч на американската супер лига НБА. Тој ја има честа да биде прв европски играч, што го добива највисокото признание меѓу американските професионалци

https://p.dw.com/p/Aeg4
Дирк Новицки во акција
Дирк Новицки во акцијаФотографија: AP

.Извештај на Керстин Зилм

Горд, но и по малку тажен се појави Дирк Новицки пред обожувателите на свеченоста во Далас. “Тоа е голема чест за мене и секогаш ќе се сеќавам со радост на одличната сезона со 67 победи“ - изјави Новицки. Неговата радост е засенета со поразот во на неговиот тим Далас Маверикс во плеј-офот.

“Во моментов е малку тешко за мене да бидам среќен, бидејќи сезоната заврши така лошо. Но наградата е за регуларната сезона и ако гледам така тогаш сум многу горд.“

Гласовите за ова одликување се даваат пред почетокот на плеј- офот. Тимот на Новицки беше на прво место со најголем број освоени поени, а тој беше најдобар играч во сезоната. Со тоа потполно го заслужи највисокото признание на НБА лигата. Сопственикот на клубот Далас Маверикс, каде Новицки е главен играч, му се заблагодари за големиот ангажман:

“Оној кој напорно и сериозно работи, за него е се‘ можно. Дирк ти ми овозможи мене и на екипата толку многу работи, навистина сеи многу посебен човек.“

По доделувањето на признанието Дирк Новицки најави дека ќе се одмори добро за да го надмине шокот од испаѓањето на неговата екипа од плеј офот, а потоа ќе му се врати на напорниот тренинг за да и‘ помогне на германската репрезентација на Европското прврнство во Шпанија. Потоа ќе се врати во Далас за да ја води екипата на далас Маверикс во нови победи во следната сезона.