1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови барања до ЕУ да ја поддржи евроинтеграцијата на Македонија

1 ноември 2011

ОМД бара од лидерите на ЕУ да овозможат почеток на пристапните преговори со Македонија. Сличен апел упатија и Македонците од Србија кои реагираат и на неименувањето на македонскиот јазик во Извештајот на ЕК.

https://p.dw.com/p/132gf
Фотографија: Petr Stojanovski

Обединетата македонска дијаспора (OMД) побара од шефовите на држави и влади на 27-те членки на ЕУ даја поддржат евроинтеграцијата на Македонија и да овозможат почеток на преговорите за членство во Унијата.

Во писмото адресирано до лидерите на ЕУ, се бара на декемврискиот Самитдаја следат препораката што веќе три години по ред ја дава Европската комисија за старт на пристапните преговори со Македонија.

ОМД: Самитот во декември е добра можност да почнат преговорите

„ Македонија направи прогрес и незасулужено е блокирана од членката на ЕУ- Грција. Наместо да реагира, ЕУ го толерира отвореното грчко непријателство кон Македонија, негирањето на македонскиот идентитет и јазик и на правата на македонското малцинство во северна Грција. Со одбивањето на Советот да ги почне преговорите со Македонија поради противењето на Грција и оспорувањето на името на Република Македонија, идентитетот и јазикот, ЕУ ги прекршува Европската конвенција за човекови права и принципите на меѓусебно почитување, национално достоинство и самоопределување“, се вели во писмото.

EU-Gipfel in Brüssel
Лидерите на земјите членки на ЕУ се сега на потег, сметаат во ОМДФотографија: AP

ОМД смета дека декемврискиот Самит на ЕУ е добра можност Македонија да ги почне преговорите имајќи предвид дека се очекува тоа да и биде одобрено на Црна Гора, а Србија да добие кандидатски статус.

Неразбирање за изоставувањето на придавката „македонски“

Македонците од Србија обединети во здружението Македонски обеденети сили- МАКОС, НС МНМ РС, САМС, ДПМ, пак преку отворено писмо до еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе реагираат на неименувањето на македонскиот јазик во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.

„Во рамките на редовните активности на Еврокомисијата за проширување на бројот на членките на Европска унија, би сакале како македонска национална заедница во Србија да изразиме надеж дека позитивните препораки од извештаите на ЕК за Република Македонија и Република Србија, како и препораката Република Македонија да добие датум за отпочнување на преговорите за прием во ЕУ и Република Србија статус на кандидат, ќе наидат на разбирање и одобрување кај земјите членки на Унијата“, се вели во писмото од Македонците во Србија до еврокомесарот Филе.

PK des EU Erweiterungskommissars Stefan Füle zu den Fortschrittsberichten
Еврокомесарот, Штефан Филе во подлениов период доби многу писма со критика за изоставување на придавката „македонски“ од Изваштајот на ЕКФотографија: AP

Истовремено, тие искажуваат загриженост и неразбирање за изоставувањето на придавката „македонски“ во Извештајот на ЕК за Македонија

„Сметаме дека идентитетот на еден народ е неизбришлива и временски универзална одредница која не‘ чини она што сме“, се нагласува во писмото до Филе.

Автор:СН/ЖА/макфак/миа

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема