1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови избори во Тунис за 60 дена

15 јануари 2011

По безредијата во Тунис и бегството на претседателот Зине ел Абидин Бен Али во Саудиска Арабија, тунискиот Уставен суд соопшти дека вршител на должноста претседател ќе биде претседателот на парламентот, Фуед Мебеза.

https://p.dw.com/p/zxvC
Иднината на Тунис е неизвеснаФотографија: dpa/DW-Fotomontage

Уставниот суд во Тунис денеска соопшти дека согласно Уставот, премиерот Мохамед Гануши мора да му ја предаде функцијата претседател на досегашниот прв човек на парламентот, Фуед Мебеза, а претседателски избори би морало да се одржат во рок од 60 дена. Гануши, инаку, веќе имаше средба со претставници на опозицијата околу составувањето нова владејачка коалиција. Тој вчеравечер (14.01) излезе пред камерите и го соопшти она што десетици илјади луѓе со недели го бараа на демонстрациите - повлекување на Бен Али од власт:

„Со оглед на тоа што претседателот во овој момент не може да ги извршува задачите, јас ја преземам функцијата. Ги повикувам сите граѓани да го сочуваат националното чувство и единство за нашата скапоцена земја да може да ги преживее овие тешки времиња и за да се вратат повторно безбедноста и стабилноста.“

Tunesien Proteste Aufstände
Протестите не запираат и покрај заминувањето на претседателотФотографија: AP

Германските туристи во Тунис се враќаат дома

Во Тунис денеска е напрегнато мирно. Во текот на ноќта, и покрај полицискиот час, имаше немири, во кои се нападнати неколку владини објекти, а има и голем број грабежи.

Иднината на Тунис е неизвесна. Претседателот се повлече од функцијата и со тоа е исполнето едно од најважните барања на демонстрантите. Но, сосема е нејасно дали на новиот преоден претседател ќе му успее да ја врати довербата на населението и да ја смири состојбата во земјата. Еден од демонстрантите на улиците на Тунис, вели:

„Бен Али во својот говор во 1987 година ни‘ вети демократија и праведен економски развој, но она што го видовме во изминатиот четврт век беа репресија, експлоатација, измачување, сива економија, како и корупција на целиот државен апарат!“

Германската канцеларка Ангела Меркел ја повика преодната влада во Тунис да ја искористи шансата за реформи во земјата и за нов почеток. Инаку, големите туристички агенции од Германија веќе ги транспротираат дома германските туристи кои се во Тунис. Голем број вонредни авиони денеска би требало да ги вратат во Германија стотиците туристи кои се наоѓаат во големите туниски одморалишта.

Автор: АЧ/дпа/ртр/афп/ЕМФ

Редактор: Борис Георгиевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема