1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови киднапирања во Ирак

30 ноември 2005

Засега непозната група, која себе си се нарекува Меч на вистината, објави видео снимка на која се прикажани четворица киднапирани државјани од западните земји.

https://p.dw.com/p/AcAv
Фотографија: AP

Двајцата Канаѓани, еден Британец и еден Американец , работеле како хуманитарни работници во Ирак

,, Тие се шпиони на окупационите сили,, соопштија киднаперите чија снимка ја емитуваше Ал Џезеира. Телевизијата, меѓутоа, не соопшти дали видео снимката содржи закани за убиство на заложниците. На видео записот на групата, кој што датира од 27 ноември, прикажани се четворицата мажи како со скрстрни нозе седат на земја. Прикажан е и британскиот пасош на 74 годишниот Норман Камбер, за кого Форин офисот во Лондон соопшти дека е во пензија и дека сега работи во ,, Христијански мировен тим“, една од ретките преостанати хуманитарните организации во Ирак.

Неговиот пријател Алан Бетеридге, по веста за киднапирањето, рече:

,, Тој е пензиониран професор по медицина, интелегентен и одговорен човек, кој со години се залага за мир. Тој не верува дека војната е начин за решавање на проблемите. “

Хуманитарната организација каде што работи Кембер и неовите колеги, ја откажа закажаната прес конференција од безбедносни причини, но портпаролката Џесика Филипс потврди дека се киднапирани двајца нивни постојани волонтери и два делегата.

Станува збор за 54 годишниот Американец Том Фокс од Вирџинија, кој е татко на две деца, како и Канаѓаните Џејмс Лонли, 41 годишен работник од Торонто и 32 годишниот електроинжинер Хармет Сиг Суден. Организацијата каде што работеле киднапираните брои околу 180 членопви, главно од САД и Канада, а од 2001 та година работела на проект во Ирак.

Бунтовниците во Ирак, во последните две години, киднапираа повеќе од 100 странци. Некои од заложниците беа пуштени на слобода, но повеќето се убиени.