1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови напади врз странските сили во Авганистан

10 ноември 2007

Денеска во Авганистан животот го загубија шестмина војници на меѓународните ИСАФ сили и тројца на авганистанската армија.

https://p.dw.com/p/CA37
Германски војник во патрола на улиците на КабулФотографија: picture-alliance/ dpa

При нападот од заседа во источниот дел на Авганистан, повредени се уште 18 војници кои учествувале во патролата на меѓународните сили. Сите се пренесени во болници на меѓународните сили, а за нивниот идентитет, како и за точното место на настанот командата на ИСАФ не дава попрецизни информации. Се претпоставува дека станува збор пред се‘ за американаски војници, бидејќи тие ја сочинуваат главнината на меѓународните сили во Источен Авганистан.

На северот од земјата, пак, недалеку од градот Кундус, денеска се крена во воздух атентатор самоубиец. Според до сега достапните извештаи покрај него загинал само уште еден авганистански цивил, а повреден е и полицаец. Според полициски извори атентаторот следел колона возила на германскиот Бундесвер, но им станал сомнителен на авганистанските полициајци кои се обиделе да го контролираат сомнителното возило. При тоа тој ја активирал направата, на 40-тина метри од германската колона. Командата на германските сили за Авганистан посочи дека во инцидентот нема загинати ли повредени војници на Бундсверот.