1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови напади и противнапади

21 март 2011

Во Либија не е на повидок брз крај на воената офанзива. Иако режимот на Гадафи повторно најави примирје, неговите трупи и натаму ги напаѓаат бунтовниците во земјата. Лондон не исклучува директен напад врз Гадафи.

https://p.dw.com/p/10dMY
Фотографија: AP

Меѓународната заедница демонстрира одлучност против Либија. Денеска напладне во Каиро заеднички настапија генералниот секретар на Арапската лига, Амр Муса, и генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун: „Арапската лига целосно ја подржува резолуцијата на Обединетите нации. Станува збор за заштита на цивилното население и одржување на зоната за забранети летови“, уверуваше Бан Ки Мун.

Меѓутоа од Лондон пристигнуваат поинакви тонови. Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг, во инервју за БиБиСи, не се обиде да негира дека во Либија може да станува збор за повеќе отколку за заштита на цивилното населие, туку дека би можел да биде отстранет од власт и диктаторот: „Не сакам да шпеклулрам за целите на нападите, тоа зависи од околностите и од време“, рече Хејг.

Ägypten Libyen Arabische Liga Ban Ki Moon in Kairo
Генералниот секретар на ОН и Шефот на Арапската лигаФотографија: dapd

Британските ловци инаку во текот на ноќта мораа да прекинат акција, поради зголемената опасност од цивилни жртви, објави британското министерство за одбрана. Арапската лига изминативе денови упати критики токму поради цивилните жртви. Режимот на Гадафи објави дека во изминативе денови загинале 60 цивили, меѓутоа овие бројки не може да се проверат од независни извори. Либијците од своја страна тврдат дека се придржуваат до примирјето. „Либиските сили за безбедност се обврзани да ја почитуваат резолуцијата на Советот за безбедност. На сите единици им наредивме од неделата вечер да се придржуваат до примрјето“, изјави портпарол на армијата.

Реалноста меѓутоа е поинаква. Во текот на ноќта имало престрелка во седиштето на владините противници Бенгази, а жестоки борби меѓу силите лојални на Гадафи и бунтовниците се воделе и во Мисрата и во Ал Синај, југозападно од Триполи. Самиот Гадафи, по најавите дека го вооружува либискиот народ и дека Средоземното Море ќе го претвори во бојно поле, не се огласил повторно во јавноста.

Зошто Турција блокира?

Меѓународната интевренција, два дена по почетокот, и натаму предизвикува неединство во Северноатланската алијанса. Пред се`, Турција блокира и предупредува од негативните последици за НАТО. Официјално образложение зошто Турција е против вклучувањето на НАТО во интервецијата во Либија нема. Очгледно е меѓутоа дека турската влада е незадоволна, бидејќи некои земји изминативе денови собраа факти за Либија, без да ги усогласат со НАТО. Турскиот министер за одбрана Веџди Генул изјави: „Не можеме да сфатиме зошто Франција се изманеврира во првите редови, како единствен спроведувач на резолуцијата на ОН, за потоа да се утврди дека САД командуваат со операцијата.“

Освен тоа, Анкара не била детално информирана од сојузничките партнери за престојниот воздушен напад врз Либија. Меѓутоа факт е дека турската влада изминативе денови ги приближи ставовите до своите НАТО партнери, оти пред неколку недела Анкара беше против секакво мешање од надвор, а сега Турција ја поддржува резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.

Автор: ЕС/ БВ/ ШВ/ АТ/ ТТ

Редактор: Трајче Тосев

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема