1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови насилства во Мијанмар

28 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BkZO

Во градот Јангон во Мијанмар, силите за безбедност повторно применија силе против демонстрантите коисо денови го изразуваат своето незадоволство од воениот режим во земјата .Според изјави на очевидци полицијата ги нападнала учесниците во протестите со пендреци и пукала во нив . Војската претходно го блокираше делот околу пет будистички манастири. Наредено е затворање и на интернет кафеата. И покрај силниот меѓународен притисок властите во текот на вчерашниот ден употребија сила против демонстрантите. Државната телевизија јави за девет загинати и 40 повредени. Вашингтон како одговор соопшти дека ќе ги замрзне сметките во странство на 14 припадници на владата во Јангун.