1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови обвинувања на конто на американските војници

2 јуни 2006

По тешките префрлувања за масакар извршен од страна на американските војници во Ирак, американската влада се ангажира за брзо расветлување на случајот и ограничување на предизвиканите штети. Доколку префрлувањата се вистинити, виновните би биле казнети, вети и претседателот Џорџ Буш. Во меѓувреме се повеќе извештаи зборуваат за други напади на американските војници против ирачките цивили.

https://p.dw.com/p/Ae1D
Американски војници во Ирак
Американски војници во ИракФотографија: AP

Американските војници во Ирак убија една трудна жена и нејзината сестра. Беа на пат кон болница, бидејќи 35 годишната жена требаше да го роди своето дете. Очигледно автомобилот на дветет жени во средата го згрешил патото и се приближил до една американска база. Возачот повеќапати бил предупреден, велат американските војници. Ирачкиот возач, брат на двете убиени жени го порекнува ова.

Ваквите инциденти во последно време се повеќе го привлекуваат вниманието со оглед на случајот Хадита, каде на северозапад од Багдад во ноември 2005 година биле убиени 24 лица како одмазда. Сунитската организаиција за човекови права „ Хамурааби“ ги докумнираше изјавите кратко по случувањта. Тие му се достапни и на студиот на германското радио во Аман, како ова раскажување на едно девојче во Хадита

„Се викам Сафа, имама 12 години. Дојдоа околу седум часот. Јас сум единствената која преживеа. Американците тропаа на вратата. Татко ми стана за да отвори. Кога влегоа го убија во кујната. Тогаш дојдоа и не гледаа нас. Пукаа во секого. Јас се преправав дека сум мртва.“

Искази како овој во меѓувреме се чинат веродостојни и за амеиркснките истражители. Според „Вашингтон Пост“ тие дошле и до сознанија дека повеќе официри фалсификувале извештаи.

Веќе споменатата ирачка организација за заштита на човековите права располага и со други видео материјали кои докумнтирале злосторства изврешни од американските војници.

Префрлувањата дека и во градот Самара на почетокот на мај биле –убиени две жени и хендикепиран маж американската амрија ги оптфрла.

Во меѓувреме ирачкиот премиер ги повика странските трупи во неговата земја да ги почитуваат човековите права. А командантот на мултинационалните трупи нареди посебна обука за војниците. Покрај другото на програмата на оваа обука во преден план стојат значењето на дисциплината и војничките доблести.