1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови реакции на предизборните инциденти во Македонија

Александар Чомовски26 јуни 2006

Сите политички партии во Македонија, особено лидерите се одговорни за насилствата и обидите тие да бидат спречени, порача денеска во Скопје амбасадорот на САД во Македонија Џилијан Миловановиќ. Таа одново реагираше на зголемениот број инциднети во првата половина од кампањата во Македонија.

https://p.dw.com/p/AddM
Скопје
СкопјеФотографија: DW

Од денеска стартува втората половина од изборната кампања во Македонија.Речиси е невозможно да се каже дека денот минува мирно, оти во ноќните часови се случуваат сите насилства. Се слушаат рафали и се регистрираат вооружени инциденти. МВР конечно поднесе предлог за кривични казни за седум лица, а за неколкумина во тек се прекршочни постапки. Дури ни запретените и зголемени затворски казни од три до пет годни не ги запре ниту штабовите ниту симпатизерите. Не помогнаа ниту на двапати изречените остри реакции од меѓународната заедница. Амбасадорката на САД во Македонија Џилијан Миловановиќ денеска рече дека сите се одговорни, не само партиите во албанскиот блок туку и лидерите

„Одговорноста мора да ја понесат и лидерите на политичките партии и тоа не само на етничката албанска заедница, туку и кај македонскиот блок“ вели амбасадорката Миловановиќ. Таа го почувствува денеска амбиентот на радост во скопското Шуто оризири каде е отворена банкарска филијала, поблиску до сиромашната ромска зедница.

Македонските избори имаат карактер на макијавелистичка политика: по секоја цена да се стигне до власт вели професорот од европскиот универзитет во Скопје, Ѓорѓи Таневски „Насилството некако како да стануваа составен дел од колоритот од изборниот процес во Република Македонија, и дури покажува многу голема доза на макијавелизам во македонската политика. Дека трката по политички функции добива таакви размери што веќе не се бираат средства“

Државаната изборна комисија инаку се прогласи за ненадлежна да ги спречи изборните насилства регистрирани во претходните десетина денови на старото на кампањата. „Загрижени сме зошто се случуваат во овој изборен циклус и во изборната кампања. Тоа според мене е надлежност на другите органи, на Министерството за внатрешни работи и на обвинителството. Ние можеме да чувствуваме дека тоа не е добро.“ кажа Јован Јосифовски претседател на Државната изборна комисија.

Постои една чудна атмосфера – сите ги осудуваат насилствата, а тие сепак се случуваат. Македонија станува заробеник и жртва на партиските апетитие на ДУИ и ДПА, СДСМ и ВРО ДПМНЕ коментира Тито Петковски „Се сомневам дека некои свесно одат во уривањето на шансите на Македонија да фати приклучок со Евро – атланските интеграции. Затоа и во секоја пригода кажуваме дека тие не се сојузници на Македонија.“ вели Тито Петковски лидер на новата и лево ориентирана Нова Социјалдемокскратска партија, која се одвои од владеачкиот Социјалдемократски сојуз.