1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови 11 жртви на Блискиот Исток

18 јули 2006

Воздушните напади на израелската армија врз делови од Либан, продолжија во текот на изминатата ноќ и утринава . Најмалку 11 лица загинаа во последните израелски бомбардирање пред се на југот од Либан каде што се наоѓаат најголемите упоришта на Хезболах.

https://p.dw.com/p/Ac4s
Евакуација на странците од Либан со забрзано темпо
Евакуација на странците од Либан со забрзано темпоФотографија: AP

Радикалната шиитска милиција истотака испука голем број ракети врз неколку населени места во северен Израел. Во овие напади имало само повредени .

Во меѓувреме со забрзано темпо се одвива евакуацијата на странските граѓани кои живеат во Либан . Поради страв од натамошни напади на израелската армија Либан го напуштија уште 400 државјани на Германија .

Успавме , германските државјани со автобуси да ги пренесеме преку границата кон Сирија- изјави германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер.

„Не знам , како ќе се одвива сето ова натаму . Каде ќе спиеме , кога ќе дојдеме во Сирија . најнапред се велеше , сите ќе бидат згрижениу , сега пак се вели, дека мораме самите да се погрижиме за летот кон германија. Немам поим , што ќе се случува натаму“- говореше за неизвесната ситуација во која се наоѓа една германска туристка во Либан која беше евакуирана во Сирија. Во меѓувреме од Берлин беше соопштено дека најголемиот број лица евакуирани во Сирија успеле во текот на ноќта со авион да пристигнат во Дизелдорф .

Германската влада смета дека во Либан се наоѓаат уште максимум 2000 германски државјани. Слични операции за евакуација спроведуваат и голем број други земји , пред се Франција , Велика Британија и САД.

Инаку вчера израелскиот премиер Ехуд Олмерт најави продолжување на офанзивата во Либан се додека не бидат ослободени двајцата војници кои ги грабна Хезболах . друг услов за примирје истакна Олмерт е разоружувањето на Хезболах и контрола на границата во јужен Либан од страна на либанската армија. Либанските власти пак продолжуваат да бараат од меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел да запре со офанзивата :

„Не гледам како , со уништувањето на целата земја , Израел би можел да контролира еден дел од неа . Мислам дека ова е погрешен пат за разрешување на проблемот“- изјави дипломатскиот претставник на Либан во ОН , Нухад Махмуд.

Израел меѓутоа засега не ја исклучува ниту опцијата за целосна копнена инвазија на јужниот дел од Либан. Во овој момент нема потреба за такво нешто , но ако мораме ќе го направиме тоа- изјави заменикот шеф на израелската армија Моше Каплински.