1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови 60 милијарди евра помош за Грција

11 мај 2011

Грција е соочена со нов бран штрајкови. Претседателот и премиерот бараат да се мобилизираат сите. Во ЕУ во тек се преговори околу нов пакет финансиска помош за Грција, во износ од околу 60 милијарди евра.

https://p.dw.com/p/11DR8
На повидок нов европски пакет за спас на грчката економијаФотографија: DW-Montage/bilderbox.de

Синдикатите во Грција денеска повикаа на нов штрајк. Во центарот на Атина и другите градови граѓаните ќе протестираат против планираниот курс на штедење на владата на премиерот Јоргос Папандреу. Сите државни институции како министерства, музеи и даночните служби, како и многу училишта ќе останат затворени. Штрајкуваат и новинарите, поради што нема да се емитуваат вести на радиото и телевизијата. Се очекува застој и во сообраќајот. Фериботите нема да отпловат, додека во воздушниот сообраќај можно е доцнење на авионите.

Грчкиот претседател Каролос Папуљас и премиерот Јоргос Папандреу со драматичен апел пак се обратија до грчкиот народ. Мора да се мобилизира целата нација: „Поинаку не може“, рече Папуљас. Папандреу од своја страна ги осуди шпекуалциите за можно напуштање на еврозоната од Грција.

Според медиумски извештаи Грција инаку треба да добие нов пакет помош тежок до 60 милијарди евра, за да избегне државен банкрот. Комесарот за монетарна политика Оли Рен вчера за првпат официјално потврди дека се подготвува одлука по ова прашање, но не наведе бројки.

Treffen Merkel Papandreou Deutschland Griechenland
Германската канцеларка Меркел ќе одлучува дали повторно да и се помогне на АтинаФотографија: dapd

Меркел и Барозо повторно за грчката криза

„Се’ уште е рано да се наведат бројки за 2012 година“ рече еврокомесарот во Стразбур. Според германскиот весник „Ханделсблат“ во моментов може да се предвиди финансиска дупка од 25 до 30 милијарди евра за наредната година. Овој весник како и грчките медиуми во меѓувреме информираат дека доколку високозадолжената земја не добие нова помош, ќе мора да исполни уште построги услови отколку досега.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Берлин треба да се сретне со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо. Официјално, станува збор за одамна планирана посета, меѓутоа се очекува една од темите на разговорот да биде должничката криза во еврозоната. Министрите за финансии на еврозоната пак в понеделник, на 16 мај ќе дебатираат за дополнителните мерки.

Автор: АТ/ дп

Редактор: Борис Георгиевски