1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Новогодишни прослави низ цел свет

ЖА/дв/дпа/ртре31 декември 2012

Милијарди луѓе на целата Земја го слават доаѓањето на Новата 2013-та година. Први ја поздравија жителите на островската држава во Пацификот, Самоа, последни ќе ја дочекаат луѓето на Хаваи.

https://p.dw.com/p/17Bbe
Фотографија: picture-alliance/dpa

Новата 2013-та година е тука, барем за жителите на Самоа и Линиските острови. Во 11 часот по германско време на островите, на температура од 25 степени Целзиусови, започна новата година. Минатата година Самоа влегоа во историјата - затоа што секогаш беа последни кои ја поздравуваа новата година. На 29. декември прескокнаа виртуелно преку датумската граница во Пацификот, со тоа што часовниците ги поместија 24 часа понапред.

Најголемата германска прослава - во Берлин

Многу пред да бидат испалени новогодишните ракети на небото во Германија, луѓето во Нов Зеланд, Австралија и Индија влегуваат во следната година. Сигурно меѓу најинтересните е дочекот во Сиднеј, пред маркантната зграда на Операта, каде се собрани околу 1,5 милиони луѓе.

Најголемата новогодишна прослава во Германија се одржува пред Бранденбуршката капија во Берлин - се очекуваат околу еден милион посетители. Новата година традиционално ќе биде поздравена со голем огномет. На три бини во германската престолнина настапуваат 260 уметници.

16-минутен огномет на Копакабана

Еден час по Германците, стотици илјади Британци во Лондон ќе си посакаат идната година да биде подобра од претходната. Една од најспектакуларните прослави во светот секако е таа на плажата Копакабана во Рие де Жанеиро, во Бразил. Главна атракција ќе биде 16-минутниот огномет, а се очекуваат два милиона луѓе.

Помалку бучно ќе биде во Њујорк, зашто огнометот таму традиционално се изведува на 4. јули, националниот празник, а не за Нова година. Иако на Тајм сквер вообичаено се собираат еден милион граѓани, алкохолот останува забранет на јавни места. Последни во новата година стартуваат жителите на Хаваи, тогаш во Германија e веќе 11 часот.