1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ново групно силување на жена во Индија

АТ/ афп/ дапд/ АРД13 јануари 2013

Речиси четири недели по групното силување на студентка во Индија очигледно повеќемина мажи повторно злоставуваа жена. Шест осомничени се притворени, соопшти полицијата.

https://p.dw.com/p/17JC4
Фотографија: Reuters

Постапките на осомничените сторители според податоци на полицијата имаат сличности со случајот од декември, кога 23 годишна Индијка беше силувана и измачувана од шест мажи во автобус во Њу Делхи. Студентката, која како и нејзиниот пријател беа повредени, по насилниот чин беше исфрлена од автобусот, за подоцна да им подлегне на повредите.

Во сегашниот случај, жената која потоа стана жртва, според полицијата, во северната сојузна провинција Пунџаб се качила во автобус во селото каде живееле родителите на нејзиниот сопруг за да ги посети родителите. Наместо тоа под „принуда“ била одведена на „непозната адреса“ во близина на градот Амристар. Возачот на автобусот, контролорот за билети и уште пет други мажи потоа ја злоставувале, рече портпарол на полицијата. Инцидентот се случил во саботата вечер. Жената, која е мајка на две деца, цела ноќ била злоставувана, дополни портпаролот на полицијата. Дури утрото жртвата била ослободена. Се’уште не се знае колку е повредена. Портпаролот на полицијата соопшти и дека шест од осомничените се уапсени и се трага по седмиот осомничен.

Indien Vergewaltigung Proteste
Илјадници Индијци протестираа за поголеми права на женитеФотографија: picture-alliance/dpa

Партаб Синг Бајва, политичар од Пунџаб и член на владејачката конгресна партија во Њу Делхи, ја обвини полицијата за „немарност“ при контролите на ноќните автобуси во сојузната држава.

Во друг случај една 16 - годишна девојка се поли со бензин и се самозапали, откако била силувана од соседот. Девојчето од северноиндискиот град Харјана си ја изгорила речиси целата кожа и тешко повредена лежи во болница. Полицијата вчера го уапси осомничениот такси возач.

Мајката бара смртна казна

Бруталното групно силувања од 16. декември во Њу Делхи во Индија предизвика бура од негодувања. Илјадници луѓе со денови протестираа на улиците за поголеми права на жените. Пет од осомничените сторители се изведени пред суд, и ним им се заканува дури и смртна казна. Тие се обвинети за убиство, силување и киднапирање. Шестиот осомничен ќе биде изведен пред суд за малоленици, бидејќи тој е малолетен.

Мајката на студентката побара смртна казна за шестте осомничени сторители. Исто така и најмладиот осомничен, кој според сопствени наводи е малолетен, заслужи смрт, изјави жената во интервју за весникот„Индијан Тајмс“.