1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ново предупредување од Светскиот климатски форум

17 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CIOV

На крајот од петдневните советувањата на Светскиот климатски совет, експертите и политичките делегации повторно упатија предупредување од последиците на земјиното затоплување. На средбата во Валенсија е објавен документ на кој се покажани причините за климатските промени. Главен виновник за тоа е човекот, се вели во документот. Истовремено експертите изготвија и предлози како да се спречи еколошка катастрофа во светот. Овие треба да бидат основа за Климатската конференција на ОН, закажана за декември на Бали.